MAP

Il Papa visita casa di riposo e saluta centenarie

Папата: „Завет на љубовта и молитвата“ со постарите лица

По повод Светскиот ден на бабите и дедовците и постарите лица, Папата им оддаде почит на постарите луѓе и ги охрабри да формираат „завет на љубов и молитва“.

Католичката Црква го слави петтиот Светски ден на бабите и дедовците и постарите лица на 27 јули 2025 година. Папата зборуваше за тоа во недела по молитвата Ангел Господов.

Староста како време на благодат

„Денес го славиме 5. Светски ден на бабите и дедовците, чиј слоган гласи: „Блажен е оној кој не ја изгубил надежта“. Ги сметаме бабите, дедовците и постарите лица како сведоци на надежта кои можат да го осветлат патот на новите генерации. Потребно е да склучиме завет на љубов и молитва со нив.“

Во својата порака за Светскиот ден на бабите и дедовците годинава, Папата Лав ја претстави староста како „време на благослов и благодат“, а постарите лица ги опиша како „сведоци на надежта“.

28 јули 2025, 17:12

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >