Генерална аудиенци?а: Можеме да им помогнеме на другите само ако самите се ?извалкаме“
Она што мора да го научиме од параболите е да ?го промениме нашиот поглед на реалноста и да се отвориме за надежта“, биде??и честопати ?застануваме на ригиден и затворен начин на гледа?е на работите“, и ?а губиме надежта. Затоа, ?параболите ни помагаат сè да гледаме од поинаква перспектива“. Со овие зборови, папата Лав XIV. ?а започна неговата втора Генерална аудиенци?а откако го обиколи плоштадот ?Свети Петар“ во папамобилот за да ги поздрави 40.000 ходочесници и верници кои го пречекаа со аплауз, песни и радосни повици.
Светиот Отец ?а продолжи сери?ата катехези посветени на параболите за животот на Исус, кои се дел од ?убиле?ниот циклус катехези ?Исус Христос нашата надеж“, размислува??и за параболата за добриот Самар?анин во ко?а то? ги нагласи сочувството, ?убовта и грижата кон другите, и внимание кон ближниот, што се покажува, како што посто?ано нагласуваше, ?преку конкретни гестови“.
По?дете на пат
Прво, то? се осврна на лицето кое го поттикнало Исус да ?а раскаже параболата, односно на еден добро познат законик, учен и образован, ко? е ?фокусиран на себе и не ги забележува другите“. То? го прашал Исус како ?неко? може да наследи вечен живот“, смета??и го за ?неоспорно право“. Учителот, раскажува??и ?а параболата, води кон ?преобразба на праша?ето“, кон премин од праша?ето ?ко? ме сака?“ на праша?ето ?на кого сум покажал ?убов?“. Папата по?асни дека ?првото праша?е е незрело“, и го поставуваме ?кога се повлекуваме во неко? агол и чекаме“, додека ?второто праша?е е од возрасен човек ко? ?а разбрал смислата на сво?от живот“ и ко? нè охрабрува ?да се придвижиме, да по?деме на пат“.
Пред друг
Толкува??и го евангелскиот пасус, Папата се осврна на две перспективи. То? рече дека еден човек патувал по патот од Ерусалим кон Ерихон, каде што бил ?нападнат, претепан, ограбен и оставен полумртов“. Како да не помислиме на животот дека е ?тежок и макотрпен пат“ и ?искуството кое се случува кога ситуациите, лу?ето, понекогаш дури и оние на кои сме им верувале, ни одземаат сè и нè оставаат на цедило“?
Сепак, животот се состои од средби, и во овие средби се откриваме себеси какви што сме. Се нао?аме пред друг, пред неговата кршливост и слабост, и можеме да одлучиме што да правиме: да се грижиме за него или да се преправаме дека ништо не се случува.
Праша?е за човечност
Потоа Папата рече дека свештеникот и левитот оделе по истиот пат и поминувале покра? еден човек оставен на средина од патот. ?Ова се лу?ето што служат во ерусалимскиот Храмот“, забележа то?. ?Сепак, служе?ето богослужби само по себе не води до сочувство.“
Имено, наместо верско праша?е, сочувството е праша?е на човеко?убивост! Пред да бидеме верници, повикани сме да бидеме лу?е.
Да застанеш заради друг
Честопати нашите брзи животи не ни даваат време да бидеме сочувствителни и мислиме дека прво мора да им дадеме простор на нашите грижи, продолжи Папата.
Токму брза?ето кое е толку присутно во нашите животи често нè спречува да го почувствуваме сочувство. Секо? што мисли дека неговото патува?е мора да има приоритет, не е подготвен да застане за неко? друг.
Конкретни гестови
Параболата што ни ?а донесува евангелистот Лука нагласува дека постои неко? што е способен да застане пред ово? ранет човек, ко? е на умира?е, а ?тоа е Самар?анин, и со тоа член на народот презрен од Евреите“. Затоа, папата Лав XIV. истакна дека ?религиозноста не игра никаква улога тука“ и дека Самар?анинот ?застанува едноставно затоа што еден човек се нао?а пред друг човек на кого му е потребна помош“.
Ако сакаш да му помогнеш на некого, не можеш да држиш дистанца, мора да се вклучиш, да се извалкаш, можеби дури и да се заразиш.
Токму тоа го прави Самар?анинот, об?асни Папата: то? ?ги преврзува раните“ на човекот, ко? е полумртов ?откако ?е ги исчисти со еле? и вино“, го зема со себе, ?односно се грижи за него, биде??и вистински помага оно? ко? е подготвен да ?а почувствува тежината на болката на другиот“, а потоа му нао?а ?гостилница каде што издво?ува одредена сума пари“ со ветува?е ?дека ?е се врати за да доплати доколку е потребно, биде??и ближниот не е пакет што треба да се достави, туку неко? за кого треба да се грижи“, истакна Светиот Отец.
Исус се грижи за секо? од нас
Исто така, оваа библиска парабола ни го поставува праша?ето кога ?е можеме ?да го прекинеме нашето патува?е и да имаме сочувство“. Ова ?е биде можно, истакна папата Лав XIV, ?кога ?е сфатиме дека ово? ранет човек покра? патот го претставува секо? од нас“, кога ??е се сетиме на моментите кога Исус толку многу пати се грижеше за нас“ за да нè направи поспособни за сочувство.
На кра?от од катехезата, Светиот Отец се помоли на Срцето Исусово да ни помогне да ги имаме неговите чувства, за да можеме да растеме во човечноста и за нашите односи да бидат поискрени и побогати со сочувство.