Папата Лав XIV: Христос, Добриот Пастир, ја води Црквата преку својот Свети Дух
Драги браќа и сестри, благословена недела!
Го сметам за дар од Бога што првата недела од мојата служба како Римски епископ е токму Неделата на Добриот Пастир, четвртата воскресна недела. Имено, во оваа недела секогаш се навестува Евангелието според Иван од десеттата глава, во кое Исус се открива како вистински Пастир – оној кој ги познава и ги сака своите овци и го положува за нив својот живот.
На оваа недела, веќе шеесет и две години, се слави Светскиот ден на молитва за звања. Покрај тоа, денес Рим е домаќин на јубилејот на музичките оркестри и фолклорните забавни групи. Срдечно ги поздравувам сите овие ходочесници и им се заблагодарувам затоа што со својата музика и изведби придонесуваат за славењето – славењето на Христос, Добриот Пастир. Да, Тој е оној кој ја води Црквата преку Својот Свети Дух.
Исус во Евангелието вели дека ги познава своите овци, дека тие го слушаат неговиот глас и го следат&Բ;(сп. Иван 10,27). Навистина, како што нè учи светиот папа Григориј Велики, луѓето возвраќаат на љубовта на оние што ги сакаат (Беседа&Բ;14:3-6).
Затоа, денес, драги браќа и сестри, ја имам радоста да се молам заедно со вас и со целиот Божји народ за звања, посебно за свештенички и монашки. На црквата многу ѝ се потребни! Важно е младите, девојките и момчињата, да најдат отвореност, слушање&Բ;и&Բ;охрабрување во нашите заедници на нивниот пат за расудување на звањето, но и да можат да сметаат на веродостојни примери на великодушна посветеност кон Бога и кон своите браќа и сестри.
Да го прифатиме повикот кој ни го упати папата Фрањо во неговата порака за денешниот ден: повикот да ги прифатиме и да ги придружуваме младите. И да го молиме небесниот Отец да бидеме еден за друг, секој според својот повик, пастири според неговото срце (сп. Јеремија 3,15), способни да си помагаат еден на друг на патот на љубовта и вистината.
На младите им велам: Не плашете се! Одговорете на повикот на Црквата и на Христос Господ.
Дева Марија, чиј живот беше потполно беше одговор на Божјиот повик, секогаш нека нè придружува во нашето наследување на Исус Христос.