Грбот на папата Лав XIV
?Од левата страна, на сина позадина, бел крин, симбол на чистота и невиност.“
Ово? цвет се поврзува со Дева Мари?а и потсетува на богородичната димензи?а на духовноста на Папата. Но не е само побожно потсетува?е, туку и показател за централното место кое го има Богородица во патувачката, ходоченичката Црквата: пример за слуша?е, понизност и потполна посветеност на Бога.
На десната страна од штитот е Пресветото Срце Исусово, прободено со стрела и поставено на затворена книга.
Оваа слика нè потсетува на таинството на Христовата откупителна жртва, срце прободено од ?убов за човештвото, но и на Бож?ото Слово, претставено преку книгата.
Неотворената книга сугерира дека божествената вистина понекогаш е прикриена, дека треба да се прифати со вера дури и кога не е целосно откриена. Тоа е повик за доверба и предава?е, за упорност во пронао?а?ето на подлабокото значе?е на Светото Писмо, дури и во моменти на темнина.
Во контекст на тоа што го кажа папата Лав XIV во неговиот прв говор дека е син на свети Августин, прободеното пламено срце исто така е симбол на монашката заедница Августинци, а срцето е горливата страст на Свети Августин за Бога. Прободеното срце исто така е знак на Бож?ото милосрдие. Поставено на книга, нè повикува ?Толе леге“, земете и прочита?те како што Свети Августин го слушна ангелскиот глас. Таквиот начин на чита?е на Словото Бож?о го разгори неговото срце со ?убов кон Бога, но и да бидеме исполнети со милосрдие!Мотото избрано од папата Лав XIV, ?In Illo uno unum“ – е земено од коментарот на Свети Августин за Псалм 126 – ?а сумира суштината на неговата порака:
?Во Него, Ко? е Еден, ние сме Едно.“
Овие зборови го содржат идеалот за обединета Црква, и покра? разликите и тензиите кои неизбежно ги има. Тоа е израз на заедништво засновано не на униформност, туку на средба во Христовата ?убов, ко?а овозможува братство и помирува?е дури и во на?сложените контексти.
Не е случа?но што папата Лав XIV. во сво?от поздрав до Црквата и светот, го кажа следново: Црквата како мост, повикана да ги надмине поделбите, да создаде простор за средба, слуша?е и милосрдие.
Грбот и мотото на папата Лав предлагаат визи?а за мисионерска, мари?анска црква длабоко вкоренета во Христовата ?убов.
Црква подготвена да страда и целосно да се посвети во служба на Бож?иот народ, со свесност дека само во единство со Господ може секо?а различност да прона?де хармони?а.“