Верските поглавари потпишаа Деклараци?а против насилен екстремизам
Од страна на Католичката црква деклараци?ата ?а потпиша Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монси?ор д-р Киро Сто?анов. Во име на МПЦ-ОА ?а потпиша архиепископот г.г. Стефан, потоа реисот на Исламската верска заедница Ша?ир еф. Фетаху, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква Мар?ан Димов, претседателот на Евре?ската заедница Пепо Леви, како и директорката на Комиси?ата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Тра?ковска и директорот на МЦМС Александар Кржаловски.
?Ние потписниците на оваа деклараци?а, верски лидери и претставници на признатите верски заедници во Република Северна Македони?а, собрани во духот на взаемна почит и водени од чувството за заедничка одговорност, свесни за нашата улога за зачувува?ето на општествениот мир, согласни сме со оваа деклараци?а како израз на заедничка определба за граде?е на достоинствен соживот и отпорност против насилниот екстремизам. Свесни дека Република Северна Македони?а е заеднички дом на различни народи, култури и верува?а, како и дека соживотот е вредност ко?што посто?ано мора да се негува и штити. Соочени со злоупотребата на верата како изговор за поделби и насилство, со с? почести форми на говор на омраза и процеси на радикализаци?а кои водат до насилство и насилен екстремизам, со дезинформации, идеолошки наративи и пропаганда, што ?а искривуваат суштината на верата и поттикнуваат недоверба“, пишува ме?у другото во деклараци?ата.
?Го осудуваме насилниот екстремизам и сите облици на насилство без оглед на нивниот извор, облик или мотив. Верата е повик на мир а не на омраза, на ди?алог, а не на осуда. Ги повикуваме верниците од нашите заедници и сите наши согра?ани да ги негуваат вредностите на ме?усебно почитува?е, ди?алог и разбира?е кои се темел за заеднички живот и на граде?е општество отпорно на омраза, поделба и насилен екстремизам. Се обврзуваме да придонесуваме за одговорноста на заедниците особено ка? младите и ранливите групи преку пренесува?е и зацврстува?е на духовните и моралните вредности што произлегуваат од нашите свети уче?а и се спротивставуваат на насилство, омраза и искривува?е на верата“ стои во Деклараци?ата.
Деклараци?ата е иници?атива на Македонскиот центар за ме?ународна соработка и Комиси?ата за односи со верските заедници и религиозни групи во соработка со верските заедници наведени во Уставот.