MAP

2025.05.08 Il vescovo Stojanov ha incontrato il presidente croato Zoran Milanović

Бискупот Стојанов оствари средба со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ

Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх оствари средба со претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, во просториите на хрватската амбасада во Скопје

На 7 мај 2025 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епарх оствари средба со претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ, во просториите на хрватската амбасада во Скопје. На средбата бискупот Стојанов беше придружуван од патер Винко Маслаќ, катедрален парох во Скопје и Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас.

Бискупот Стојанов ја искористи средбата да го запознае хрватскиот претседател Милановиќ со историјата, животот и делувањето на Католичката црква во Македонија. Воедно ја искажа и благодарноста, во име на Католичката црква, за добрите односи и поддршката до Хрватските власти, Амбасадата на Хрватска во Македонија, Централната државна канцеларија за Хрвати надвор од Република Хрватска, како и до Хрватски Каритас.

08 мај 2025, 07:59