Епископот Стојанов на првиот ден од Божиќ служеше во Нова Маала
отец Гоце Костов
Во проповедта епископот Стојанов зборувајќи за празникот Рождество Христово додаде дека оваа година божиќната радост е поголема затоа што воедно е и Јубилејна година. Во продолжение тој истакна дека радоста на овој празник е тоа што Бог ни открива дека нè љуби, потврдувајќи ја таа љубов со тоа што стана човек, не губејќи ништо од својата божествена суштина. При тоа поттикна да навлеземе подлабоко во таинството преку кое Бог ни се откри, затоа што тогаш ќе можеме да ја сфатиме таа љубов и да ја конкретизираме во нашите животи со тоа што и ние еден со друг ќе се љубиме. Само така ќе можеме автентично да ја пренесеме таа љубов на другите и само тогаш ќе можеме вистински да го славиме Божиќ. На крајот од проповедта на сите уште еднаш на присутните им го честита празникот Рождество Христово.
По завршување на светата Литургија епископот ја проследи претставата подготвена од веронаучните групи во Нова Маала, а во чест на празникот Рождество Христово.