Шеста Генерална конгрегаци?а: Конклавата треба да биде отворена за слободата на Духот
Конклавата нека не биде ?заклучено место“ (како што кажува самиот израз), туку ??енаколо“ отворен за целиот свет, во ко? преовладува слободата на Духот ко? подмладува, прочистува, создава – ова е желбата што ?а изрази бенедиктинскиот опат на базиликата Свети Павле надвор од ?идините, дом Донато О?ари. Имено, во вторник, 29 април 2025 година, во Новата синодска сала, то? го одржа воведното размислува?е на шестата Генерална конгрегаци?а на кардинали кои пристигнаа во Рим за конклавата ко?а ?е започне на 7 ма? и ?е го избере наследникот на папата Фра?о. Светиот Дух нека биде главен протагонист на разговорите, динамиката, понекогаш ди?алектичка, ко?а го обележува секое човечко собира?е, со цел да ги разгори умовите и да ги просветли очите за доброто на Црквата и целиот свет – посака опатот.
Клучен момент за Црквата
На почетокот од размислува?ето, дом О?ари нагласи дека, во момент толку многу оптоварен со последици за Црквата, како што е изборот на Папата, потребно е повторно да се фокусира душата, умот и срцето околу личноста на Исус Христос; имено Црквата е повикана Него да го навестува и да сведочи на светот. Кога Христос не е центарот на посланието, Црквата би била само ладна и стерилна институци?а. Затоа, бенедиктинецот ги охрабри кардиналите секо? ден одново да се потпираат на оваа сигурност, биде??и само на то? начин ?е биде можно да се избегнат ласка?ата на светот и лесните патишта за бегство што ни ги нуди. Христос нека биде здивот, компасот и поларната ?везда на Кардиналскиот колегиум – додаде дом О?ари.
Бидете отворени, храбри, пророчки
Опатот на базиликата Свети Павле надвор од ?идините во исто време потсети колку е важно од Исус да учиме за нежноста и понизноста, за милосрдната и сочувствителна ?убов. Така вкоренетата Црквата, е, всушност, отворена, храбра, пророчка, избегнува насилни зборови и гестови и станува глас на оние кои немаат глас. Црквата вкоренета во Христос – продолжи то? – е учителка на братството, обележана со почит, ди?алог, култура на средба и граде?е мостови, а не ?идови, како што отсекогаш охрабруваше папата Фра?о.
Да продолжиме да обрнуваме внимание на последните во светот
Ма?ка, а не ма?еа, далеку од самореферентна, подготвена да им подаде рака на бра?ата и сестрите кои не се дел од неа, Црквата вкоренета во Христос е пред сè онаа што ги става отфрлените, сиромашните, обесправените, последните во центарот. Во оваа смисла, дом О?ари се осврна на ?теолошката категори?а“ воведена од поко?ниот папа Берго?о, според ко?а сиромаштвото, пред да биде социолошки и етички проблем, е праша?е поврзано со доктрината. Поради оваа причина, бенедиктинецот рече дека е сигурен дека Црквата нема да пропушти да продолжи да ги држи очите и срцето широко отворени за последните на зем?ата, сонува??и дури и за она што изгледа невозможно.
Синодален пат: Учество и обнова
Потоа охрабрува??и ги присутните да се подложат да го преиспитуваат Духот за да ги исчистат своите срца од сè што не одговара на мислата Христова, дом О?ари потсети на важноста на единството и заедништвото на Црквата, сфатено како плурално единство и разновидно заедништво, во кое различноста се гледа како можност за примерен и ди?алошки разговор со цел да се бараат креативни патишта за заедничкото оде?е.
Во таа смисла, дом О?ари поттикна плодно поврзува?е на Црквата како хиерархиска институци?а и Црквата како верници мир?ани, и двете неопходни за граде?е на Црква на заедништво. Од оваа перспектива, синодалниот пат или процес може да го направи поефикасно посланието на Црквата во општеството.
Предизвиците на Црквата во светот
Дом О?ари потоа голем дел од своето размислува?е го посвети на предизвиците на Црквата во светот, размислува??и за антрополошките промени, братоубиствените во?ни, автократиите и национализмите, посткапиталистичките либерали засновани на чист профит, уништува?ето на создадениот свет, ризиците поврзани со новите техно-науки, миграциите и неможноста на политиката да на?де решени?а кои го почитуваат светиот принцип на прифа?а?е и вклучува?е; сеприсутната и инвазивна секуларизаци?а, особено на западните општества. Сето ова се раскрсници – нагласи опатот – пред кои Црквата е повикана без страв да оди по патот на ди?алогот, ко? папата Фра?о го интензивираше во сите области, како конститутивен елемент од посланието на Црквата.
Внатрешни предизвици на Црквата
Дом О?ари се осврна и на предизвиците во Црквата, како што се – како што рече – ?загноената рана“ од злоупотребата, разредените свештенички и монашки зва?а, потрагата по нов израз на денешниот човек, улогата на жените, опасноста од клерикализам и бирократизаци?ата на свештеничката служба. Ова – додаде то? – не е стерилно самосожалува?е, туку охрабрува?е никогаш да не се заборави огромното добро кое Црквата го прави низ целиот свет, дури и таму каде што исповеда?ето на христи?анската вера вклучува прогонство или смрт. Затоа, ги охрабри кардиналите да го видат, ме?у толку многу рани, живото присуство на Воскреснатиот ко? ?а придружува Неговата Црква дури и среде тешкотиите на истори?ата.
Трпение и надеж
Потоа дом Донато ?а спореди Црквата со грнчарска работилница, или поточно Господ како грнчар. Имено, то? обликува глина за да создаде нешто убаво и знача?но, а преку сво?ата трпелива работа, нè учи да истраеме, да не паднеме со духот и да не се откажуваме пред неуспехот. Како што поучуваше папата Берго?о, трпението е поврзано со надежта. Во оваа перспектива – додаде бенедиктинецот – Црквата ко?а знае да биде трпелива е Црква ко?а знае да се надева, гледа??и со занес во иднината, од ко?а Бог доа?а да се сретне со човештвото.
Примерот на Света Катерина од Сиена
На кра?от, на денот кога се слави литургискиот спомен на Света Катерина Сиенска, опатот на базиликата Свети Павле надвор од ?идините ги охрабри кардиналите да ?а наследуваат неа, ко?а – од голема ?убов кон Христос – неуморно се залагаше за реформа и единство на Црквата, за мир и за Папата.