杏MAP导航

Пребарува?е

2025.05.21 Un frame del video YouTube su Papa Leone XIV

Предупредува?е: FAKE! Вештачка интелигенци?а и лажни вести за Папата

На 21 ма? 2025 година, ?Ватикан ?уз“ об?ави офици?ално предупредува?е повикува??и ги католиците да го проверат секо? онла?н матери?ал што му се препишува на папата Лав XIV. Бро?от на лажни текстови, па дури и видеа му се припишуваат на Папата, нивниот бро? расте на соци?алните мрежи: како да се потврди автентичноста на информациите?

Еден од ?на?гласните“ случаи е 36-минутното видео во кое папата Лав XIV му се обра?а на Ибрахим Траоре, вршителот на должноста претседател на Буркина Фасо. ?Сине на африканската почва, бранителу на тво?от народ, нека ти се умножат благодатта и мирот преку мудроста, храброста и вистината“, вели конкретно ова ?обра?а?е“ на Папата на англиски ?азик, вешто генериран со помош на вештачка интелигенци?а. Авторите ?а користеле техниката на морфинг, поставува??и го текстот на видео-снимката од аудиенци?ата на папата Лав XIV со новинарите, што се одржа на 12 ма?. Видео пораката изгледа многу убедлива, наведува??и ги гледачите да помислат дека Светиот Отец одржал цел ?авен говор до Ибрахим Траоре како одговор на неговото писмо.

Како да се утврди дали таквите информации се веродосто?ни?

Прво, потребно е да се обрне внимание на тоа дали е наведен изворот. Доколку како извор се наведува друг медиум, ко? пак не се повикал на оригиналниот извор, тогаш информаци?ата мора да се потврди со медиумите на Светиот Престол. Сите говори, пораки и текстови на Лав XIV се об?авени во целост на офици?алната веб-страница на Ватикан. Што се однесува до другите вести за неговите активности, како и неговите видео пораки, тие можат да се на?дат на офици?алниот мултимеди?ален портал на Светиот престол Vatican News – Radio Vaticana и на веб-страницата на ватиканскиот весник ?Osservatore Romano“.

23 ма? 2025, 12:33