杏MAP导航

Пребарува?е

2025.05.08 Elezione del Romano Pontefice

Биографи?а на папата Лав XIV

Пред неговиот избор за папа Лав XIV, кардиналот Роберт Францис Превост беше префект на Дикастери?ата за еписопи. Еве ?а биографи?ата на 267. Римски епископ

Првиот Папа августинец, Лав XIV е вториот Римски папа – по папата Фра?о – од Америка. За разлика од Хорхе Марио Бергол?о, 69-годишниот Роберт Францис Превост е од северниот дел на континентот, иако поминал многу години како мисионер во Перу пред да биде избран за поглавар на Августинците во два последователни мандати.

Прв папа Августинец

Новиот Римски епископ е роден на 14 септември 1955 година во Чикаго, Илиноис, од таtко Луис Мариус Превост, од француско и итали?анско потекло, и ма?ка Милдред Мартинез, од шпанско потекло. То? има два?ца бра?а, Луис Мартин и ?он ?озеф.

Детството и младоста ги поминал со своето семе?ство и прво студирал на Малата семинари?а на Августинските отци, а потоа на Универзитетот Виланова во Пенсилвани?а, каде што во 1977 година се стекнал со диплома по математика, а студирал и филозофи?а.

На 1 септември истата година, Превост се при?авил во новици?ат на монашката заедница на Свети Августин (О.С.А.) во Сент Луис, во покраината на Нашата Богородица од Добриот Совет во Чикаго, и го дал сво?от прв завет на 2 септември 1978 година. На 29 август 1981 година, ги дал своите вечни завети.

Идниот Папа го добил своето теолошко образование во Католичкатата теолошка уни?а во Чикаго. На 27-годишна возраст, бил испратен од неговите претпоставени во Рим да студира канонско право на Папскиот универзитет Свети Тома Аквински (Ангеликум).

За свештеник е ракоположен во Рим, на 19 ?уни 1982 година, во августинската семинари?а Света Моника од страна на надбискупот Жан Жадот, тогашен потпретседател на Секретари?атот за нехристи?ани, ко? подоцна стана Папски совет за ме?урелигиски ди?алог, а потоа и Дикастери?а за ме?урелигиски ди?алог.

Превост се стекнува со магистратура во 1984 година, а следната година, додека ?а подготвува сво?ата докторска теза, беше испратен во августинската миси?а во Чулуканас, Пиура, Перу (1985–1986). Во 1987 година, ?а одбрани докторската теза на тема ?Улогата на локалниот игумен во Редот на Свети Августин“ и беше назначен за раководител за зва?а и раководител на мисиите на августинската покраина ?Ма?ка на добриот совет“ во Олимпи?а Филдс, Илиноис (САД).

Миси?а во Перу

Следната година, се приклучи на миси?ата во Трухи?о, исто така во Перу, како раководител на заедничкиот проект за формаци?а на августински кандидати од викари?атите Чулуканас, Икитос и Апуримак.

Во текот на тие единаесет години, то? служеше како игумен на заедницата (1988–1992), директор за формаци?а (1988–1998) и духовник за новите зва?а (1992–1998), а во надбискупи?ата Трухи?о како судски викар (1989–1998) и професор по канонско право, патристика и морална теологи?а на Главната семинари?а ?Сан Карлос и Сан Марсело“. Во исто време, му беше доверена и пасторалната грижа за Богородица Ма?ка на Црквата, подоцна основана како парохи?а Света Рита (1988–1999), во сиромашно предградие на градот, и беше администратор на парохи?ата Богородица Монсерат од 1992 до 1999 година.

Во 1999 година, е избран за покраински приор на августинската покраина ?Ма?ка на добриот совет“ во Чикаго, а две и пол години подоцна, редовното Генерално собрание на Редот Свети Августин го избра за генерален приор, потврдува??и го во 2007 година за втор мандат.

Во октомври 2013 година, се вра?а во сво?ата августинска покраина во Чикаго, служе??и како раководител за образование во манастирот Свети Августин, прв советник и покраински викар – служби кои ги имаше сè додека папата Фра?о не го именува на 3 ноември 2014 година за апостолски администратор на перуанската епархи?а Чикла?о, воздигнува??и го на епископско достоинство како титуларен епископ на Суфар.

Доа?а во епархи?ата на 7 ноември, во присуство на апостолскиот нунци? ?е?мс Патрик Грин, ко? го ракоположи за епископ нешто пове?е од еден месец подоцна, на 12 декември, на празникот на Пресвета Богородица од Гвадалупе, во катедралата Света Мари?а.

Неговото епископско мото е ?In Illo uno unum“ – зборови изговорени од Свети Августин во проповед за Псалм 126 за да об?асни дека ?иако ние христи?аните сме многу, во единиот Христос сме едно“.

Бискуп на Чикла?о, Перу, од 2015 до 2023 година

На 26 септември 2015 година, то? беше именуван за бискуп на Чикла?о од страна на папата Фра?о. Во март 2018 година, е избран за втор потпретседател на Перуанската епископска конференци?а, каде што служеше и како член на Економскиот совет и претседател на Комиси?ата за култура и образование.

Во 2019 година, папата Фра?о го именува за член на Конгрегаци?ата за свештенство (13 ?ули 2019 година), а во 2020 година, за член на Конгрегаци?ата за епископи (21 ноември). Во ме?увреме, на 15 април 2020 година, е именуван и за апостолски администратор на перуанската епархи?а Калао.

Префект на Дикастери?ата за епископи

На 30 ?ануари 2023 година, Папата го повика во Рим како префект на Дикастери?ата за епископи и претседател на Папската комиси?а за Латинска Америка, именува??и го за надбискуп.

Именуван за кардинал во 2023 година

Папата Фра?о го поставува за кардинал на конзисториумот на 30 септември истата година и му ?а доделил црквата Света Моника. То? офици?ално ?а презел на 28 ?ануари 2024 година.

Како раководител на Дикастери?ата, учествувал во на?новите апостолски патува?а на Папата и во првата и втората сеси?а на 16-тото редовно генерално собрание на Епископската синода за синодалност, одржано во Рим од 4 до 29 октомври 2023 година и од 2 до 27 октомври 2024 година.

Во ме?увреме, на 4 октомври 2023 година, папата Фра?о го именува за член на Дикастериите за евангелизаци?а (Секци?а за прва евангелизаци?а и нови посебни цркви), за Наука на верата, за Источните цркви, за Свештенство, за Институтите за посветен живот и Општествата на апостолскиот живот, за култура и образованието, за Законодавните текстови и за Папската комиси?а за државата Ватикан.

На 6 февруари оваа година, аргентинскиот Папа го унапреди во кардинал епископ, доделува??и му ?а приградската црква на Албано.

Три дена подоцна, на 9 февруари, сослужуваше на Света Литурги?а предводена од папата Фра?о на плоштадот Свети Петар за ?убиле?от на вооружените сили, вториот голем настан од Светата година на надежта.

За време на на?новото хоспитализира?е на неговиот претходник во болницата ??емели“, Превост ?а предводеше со Бро?аницата за здрав?е на папата Фра?о на плоштадот Свети Петар на 3 март.

Зборува седум ?азици.

09 ма? 2025, 20:25