Папата Фра?о и Црквата во Македони?а
отец Гоце Костов
Во ова воскресно време на радост и надеж, но и кога папата Фра?о замина во домот на сво?от Отец, со вас сакам да споделам некои мисли посветени на поврзаноста на папата Фра?о со Црквата во Македони?а.
Од почетокот на сво?от понтификат во 2013 година, папата Фра?о покажуваше големо внимание и чувствителност кон малите, маргинализираните и народите кои живеат на “перифери?ата“ на Европа. Македони?а, ко?а на Европа и Црквата и ги даде светите бра?а Кирил и Методи? и света ма?ка Тереза, со своето богато духовно наследство, но и скромно католичко присуство, се на?де во срцето на ово? понтификат.
Секако дека неговата посета на Македони?а на 7 ма? 2019 година ?е остане, како што вели епископот Сто?анов во неговиот допис по повод упоко?ува?ето на папата Фра?о, во нашите се?ава?а и запишана во истори?ата на Република Македони?а. За време на неговата апостолска посета на нашата сакана Македони?а, Папата ?а предводеше света Литурги?а на плоштадот ?Македони?а“, се помоли во Спомен-ку?ата Ма?ка Тереза и се сретна со верските поглавари во Македони?а, оствари средби со сиромашните, младите и свештениците и лицата посветени на Бога, како и со претставниците на државните власти, цивилното општество и дипломатски кор. Желба на папата Фра?о беше да го посети родниот град на света Ма?ка Тереза, да се запознае лично со верскиот и културниот контекст на градот Скоп?е од каде што Ма?ка Тереза почна да ги гледа лу?ето во потреба, сиромашните и малите, (сп. Молитва на папата Фра?о во Спомен ку?ата Ма?ка Тереза) едноставно сакаше да види каде светицата од Скоп?е растеше во милосрдната ?убов.
Првпат во истори?ата, еден Папа стапна на македонска почва. И таа посета не беше само дипломатска или верска посета, туку со себе носеше порака дека и малите заедници не се заборавени. Тоа беше ?асна порака ?да не се плаши малото стадо“ затоа што е во срцето на неговиот понтификат, но и на Црквата. Уште би и додал дека тоа не беше важен настан само за католичката заедница во Македони?а, туку и за целата зем?а. Во таа прилика епископот Сто?анов во знак на благодарност до Светиот Отец ?е каже: ?Свети Оче, денес, додека нашата Црква овде во Македони?а му благодари на Бога за ово? неповторлив ден и настан што Бог ни го дарува, упатувам зборови на благодарност до Вас, Ваша Светост, што во своите апостолски патува?а ?а сврстивте и малата католичка заедница ко?а живее во ди?аспора, а ко?а во себе обединува две древни литургиски традиции: римска и византиска. При оваа пригода изрзувам благодарност до Бога и до Вас за воспоставува?ето на новата Епархи?а.“ Имено папата Фра?о во декември 2018 година Апостолскиот егзархат во Македони?а го издигна во Струмичко-скопска епархи?а. Светиот Отец го благослови камен темелниците за светилиштето Света Ма?ка Тереза во Скоп?е и светилиштето Ма?ка Бож?а Утешителка – Па?урска.
Кога Македони?а страдаше, дали поради поплавите во 2016 година или неодамнешната трагеди?а во Кочани, папата Фра?о знаеше да сочувствува и преку телеграми изрази сочувство со настраданите и молитвена близина.
Секо?а година, како и неговите претходници, папата Фра?о со радост ?а примаше македонската делегаци?а за Деновите на свети Кирил во Рим, поттикнува??и го единството на христи?аните, како и ди?алогот ме?у исток и запад.
Никако не смееме да ?а заборавиме прес конференци?ата на летот од Скоп?е до Рим, по тридневната апостолска посета на Бугари?а и Македони?а. Запрашан за неговите на?силни впечатоци од двата народи, македонскиот и бугарскиот, кои ги посети, папата Фра?о рече ?Тие се два сосема различни народи.“
Бугари?а, об?асни то?, е народ со вековни традиции; додека Македони?а има вековна традици?а, но не како зем?а, туку како народ. Независноста на зем?ата е не многу одамна, но папата Фра?о ?а пофали ?добрата борба“ за таа цел. Македони?а е симбол на тоа како христи?анството влезе на запад преку апостол Павле ко? сакаше да оди во Ази?а, но беше повикан во Македони?а. Македонскиот народ се гордее со ова и никогаш не ?а пропушта можноста да каже дека христи?анството влегува во Европа преку нас, низ нашата врата, затоа што Павле бил повикан од Македонец– рече во таа прилика Светиот Отец.
Благодариме свети Оче за се она што го направивте за Македони?а и Црквата. Посто?ано бараше да молиме за тебе. ?е продолжиме да го правиме тоа со желба ангелите да те одведат во ра?от и таму да те пречекаат сите светци и мачениците!